Играч на натпреварот: На полувреме замина во паб, па јадеше пита за време на мечот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако натпреварот го помина на клупата за резерви, голманот на Сатон, Вејн Шоу беше во центарот на вниманието и слободно можеме да го прогласиме за „играч на натпреварот“.

Вејн Шоу стана планетарна суперѕвезда и успеа да ги изнасмеа фудаблските фанови откако изеде пита за време на осминафиналниот меч со Арсенал.

130 килограми тешкиот голман, кој има полни 45 години, стана хит во Англија уште откако неговиот тим го доби Арсенал за противник во ФА Купот. Впечатливиот чувар на мрежата дури добил и понуда за фото сесија во која треба да се слика само со голманските ракавици на себе.

Интересен е и фактот дека на полувремето голманот замина во локалниот паб да испие пиво со фановите, а сликата стана вирална на социјалните мрежи уште за време на натпреварот.