Ибра: Дали останувам во Јунајтед? Ништо не е извесно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ чии договор со клубот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот на сезоната призна дека не е сигурен дали и следната сезона ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо изминатите месеци неколку пати повтори дека нема дилеми околу иднината на Ибрахимовиќ и дека сигурно ќе остане и следната сезона.

„Во моментов ништо не е извесно. Морам да постигнам 100 гола! Опцијата за продолжување на договорот е веќе исполнета. Но, до сега ништо конкретно не е направено. Ќе почекаме и ќе видиме што ќе биде на крајот на сезоната“, изјави Ибра.

Феноманелниот Швеѓанец минатото лето пристигна од ПСЖ на „Олд Трафорд“ и многумина беа скептици со оглед на фактот дека има 35 години, но тој веќе постигна 20 гола оваа сезона.