И Забрчанец позитивен на КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преку објава на социјалната платформа Фејсбук, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, соопшти дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој вели дека имал лесни симптоми на настинка, а резултатите од тестот ги добил вчера вечерта.

„Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме“, напиша Забрчанец на Фејсбук.

Од фунцкионерите во Владата, позитивни резултати на тестовите за ковид-19 добија и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Пред десет дена и заменик-министерот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Илхан Рахман, информираше дека е позитивен на ковид-19.