Home Вебкафе И тоа чудо бидна – на ледениот слој од Гренланд место снег, заврна дожд

И тоа чудо бидна – на ледениот слој од Гренланд место снег, заврна дожд

На ледениот горен слој од Гренланд, на надморска височина од 2.600 метри, наместо снег, заврна дожд, што е прв ваков случај откако се прават мерења.

Температурите на врвот на Гренланд за време на викендот се искачија над нулата по трет пат за помалку од десет години, објави СНН.

Топлиот воздух донесе силен дожд, кој испорача седум милијарди тони вода на површината на мразот.

Ова беа најголемите врнежи на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, според американскиот Национален центар за снег и мраз, а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината.

Научник од универзитетот во колорадо, рече дека ова е доказ дека Гренланд брзо се затоплува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…