Home Спорт И Сасуоло го сака Несторовски

И Сасуоло го сака Несторовски

Иако раководството на Палермо во неколку наврати истакна дека нема намера да го продава Илија Несторосвки, сепак интересот за македонскиот голгетер е се поголем.

Според последните информации кои пристигнуваат од Апенините, најнов клуб кој покажува интерес за Несторовски е Сасуоло.

Имено, Сасуоло бара замена за Дефрел кој најверојатно ќе се пресели во Рома, а Македонецот е прв на листата желби заедно со Алберто Палоски.

Тимот на Еузебио ди Франческо оваа сезона игра променливо и раководството на клубот е во потрага по квалитетен напаѓач, кој ќе му помогне на тимот да се искачи на повисоките позиции на табелата.

Несторовски досега има постигнато седум погодоци и три асистенции во 18 натпревари во италијанската Серија, но и покрај голгетерскиот пост и понатаму е најдобриот играч на Палермо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…