И официјално разведени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред судот во Сиетл беше ставен формален крај на бракоразводната парница помеѓу Бил Гејтс и Мелинда Франс Гејтс, ко-основачи на една од најголемите приватни фондации во светот, наведува „Бизнис инсајдер“.

Нивниот развод беше потпишан минатиот понеделник, со што заврши сагата што започна кога објавија дека се разделуваат во мај 2021 година.

Гејтс се венчаа во 1994 година и имаат три деца. Во мај, Фокс објави дека Мелинда Гејтс поднела барање за развод, наведувајќи дека нивниот брак е „непоправливо уништен“.

Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа, потсетува Ројтерс.

Нивната фондација Бил и Мелинда Гејтс со седиште во Сиетл стана еден од највлијателните и најмоќните двигатели на глобалното јавно здравје во последните 20 години, трошејќи повеќе од 50 милијарди долари во борба против сиромаштијата и болестите.

Минатата година ветија околу 1,75 милијарди американски долари помош за борба против „Ковид-19“.

Не се објавени детали од договорот за развод во судот во Сиетл.