Хрватскиот тренер Репеша на удар на критики откако маваше по кошаркар од неговиот тим (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот кошаркарски тренер Јасмин Репеша предизвика негодување и револт во италијанската јавност со неговото однесување кон еден од неговите кошаркари, кој најпрвин го искубал за коса а потоа и го удрил по грбот, судејќи според она што може да се види на снимката. Сето ова се случувало на еден официјален натпревар од италијанското првенство.

Во мечот меѓу неговиот Пезаро и Трст, Репеша бил многу револтиран од играта на младиот Хенри Дрел, кошаркар кој важи за НБА перспектива.

Нервозниот Репеша во еден миг одлучува да го замени според него очајниот кошаркар, на патот кон клупата Дрел за малку ќе добиеше вистински ќотек од својот тренер. Репеша прво го искуба Дрел по косата а потоа го удри по грбот.

Мирниот Дрел воопшто не реагирал на ова однесување на нервозниот Репеша.