Home Шоубизнис Холивуд за пари си ги „јаде“ и своите деца: Ќе се снима филм за секс аферата „Вајнстин“

Холивуд за пари си ги „јаде“ и своите деца: Ќе се снима филм за секс аферата „Вајнстин“

Две продукциски куќи, Анапурна и План Б, во соработка новинарите од „Њујорк Тајмс“ кои го открија секс скандалот во кој централна фигура беше холивудскиот продуцентски могул Харви Вајнстин, најавија дека планираат да снимат филм.

Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, кој што исто така претстави истражувачка новинарска сторија.

Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултираше со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и банкрот на истата.

Репортерите кои го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи, се добитници на овогодинешната Пулицеровата награда, токму за овој случај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …