Home Вебкафе Хит на социјалните мрежи: Сообраќаец запре бебе и му бараше возачка дозвола (видео)

Хит на социјалните мрежи: Сообраќаец запре бебе и му бараше возачка дозвола (видео)

Видеото на кое е снимен сообраќаен полицаец кој на враќање од работа ја запира својата 10-месечна ќеркичка, која вози количка, стана хит на социјалните мрежи.

Полицаецот Алекс Кип од Орландо се враќал од работа дома , кога на улицата пред куќата ја забележал својата десетмесечна ќеркичка како вози количка. Неговата сопруга го снимнила видеото , а колегите полицајци го објавиле на Фејсбук.

„Полицаецот Алекс Кип се враќал од работа и ја запрел ќеркичката за возење на погрешна страна на улицата.” , напишаа неговите колеги.

На видеото се гледа како таткото ја запира малечката Тајлин и од неа бара да му покаже возачка и сообраќајна дозвола. На тоа девојчето се смее и затоа добила само предупредување.

Снимката е споделена на социјалните мрежи со илјадници лајкови и позитивни коментари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…