Никој ја нема видено ваква: Најмладата милијардерка без грам шминка е непрепознатлива


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишната Кајли Џенер, една од припадничките на семејниот клан Кардашијан/Џенер кој доминира во светот на шоубизнисот и сопственичка на козметичка линија, беше фотографирана во непрепознатливо издание без ниту грам шминка на лицето. Најмаладата американска милијардерка речиси никогаш не се појавува во вакво издание во јавност.

Кајли Џенер, најмладата сестра во семејството Кардашијан/Џенер, која според магазинот Форбс има бизнис вреден милијарда долари, се појави во опуштено издание на забар.

 

Таа беше „уловена” од папараците во една стоматолошка ординација на Беверли Хилс без грам шминка. Кајли беше облечена во црни хеланки и маица со качулк , а нозете имаше стари патики.

За да се скрие од несаканите погледи, ставила црни очила , но сепак не помина незабележано. Според Дејли Мејл , хеланките и маицата се дизајн на Канје Вест, сопругот на нејзината сестра Ким Кардашијан.