Home Актуелно „Хибриден напад“ на Заев по телефон – овој пат „му се јавила“ Грета Тунберг

„Хибриден напад“ на Заев по телефон – овој пат „му се јавила“ Грета Тунберг

Според информациите кои ги пренесе Марјан Забрчанец, специјален советник на премиерот, пред неколку дена се случил „хибриден напад“ врз кабинетот на Зоран Заев, извршен од лица кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко, пренесува Мета.

Забрчанец ова го соопшти на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ истакна Марјан Забрчанец, при што истакна дека премиерот наводно се спосомневал во автентичноста на разговорот, но сепак решил да го доврши.

Според Забрчанец, овој напад бил „пософистициран од оној неодамнешниот на руските пранкстери“. Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“ и од американски телефонски број, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.

Разговорот бил закажан преку македонско дипломатско претставништво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …