Хавана синдром – што се случува со агентите на ЦИА ширум светот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заради сериозни повреди идентични на оние поврзани со таканаречениот Хавана синдром, ЦИА во изминатите недели повлекла свој оперативец од Србија.

Евакуацијата дури сега ја објавува Вол стрит журнал, а ни на ЦИА не и е најјасно што се случува со нејзините агенти и американските дипломати кои се почесто ги пријавуваат овие синдроми, па целиот напад го објаснува како „непознати напаѓачи кои користат некаков вид на насочен енергетски извори.“

Она на што се жалат жртвите е вртоглавица, губење на меморија и други здравствени проблеми, заради кои „некои професионални дипломати и шпиони станаа неволни тие и нивните семејства да преминат на позициите во странство кои ги чекаат.“

ЦИА се уште нема претстава ниту од што треба да се брани, без разлика што администрацијата на Бајден изјави дека откривањето на изворот на нападите е „топ приоритет“. Внатре во ЦИА, во одделот за медицински услуги за три пати е зголемен бројот на луѓе кои работат на овој проблем, а од летово, ветерани кои работеа на деценискиот лов на Бин Ладен се назначени да го предводат тимот за откривање на причината за инцидентите.

Во изминатите недели ЦИА го отповика шефот на нивното одделение во Виена, каде се случија повеќе вакви напади.

Необјаснетиот напад се води како Хавана синдром бидејќи прв пат е идентификуван кај американски дипломати и шпиони во Куба кон крајот на 2016. Симптомите вклучуваат главоболка, вртоглавица, мачнина, анксиозност, когнитивни потешкотии и губење меморија.

Од тогаш пријавени се и слични напади во Кина, Колумбија, Русија, Австрија, Германија, Индија, Виетнам и Србија. Се претпоставува дека до сега околу 200 вработени на американската влада биле жртви на вакви напади.

Истрагата околу оружјето до сега е стигната до тоа дека симптомите се конзистентни со „енергетски напад од насочена радио фреквенција“, а не со случајна изложеност на нешто.

Директорката на националното разузнавање, Аврил Хејнс, која ги покрива сите разузнавачки служби на САД, состави тим од разузнавачи и научници кои треба да го откријат изворот на нападите. Извештајот на тимот треба да е готов кон крајот на есента.

Еден од сомнежите е дека ова може да биде и ненамерно, и да е нус-појава на некоја технологија за прислушување што ја користат странските агенции.