Грујовски на обвинителна клупа: Денес прво рочиште за случајот со уништување на документи во УБК


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујовски, обвинет од Специјалното јавно обвинителство дека со уште шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување, денеска треба да седнат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Судењето по првиот обвинителен акт поднесен од СЈО треба да почне во 11.30 часот, а ќе го води судијката Лидија Петровска. СЈО бараше изземање на Лидија Петровска, поради нејзиното споменување во бомбите на опозицијата како Сваровски судијката, но Кривичниот суд го одби барањето. Жалбата на СЈО на 7 октомври Апелациониот суд Скопје ја одби со образложение дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

Седумтемина од УБК предводена од Грујовски, беше кажано дека незаконски запалената архива била потребна во истрагата за да се открие на кој начин УБК го вршела нелегалното прислушување.

Тие се обвинети за фалсификување на службена исправа. За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.

Досега никој не побарал одлагање на денешното судење. Од два обвинителни предлога колку што досега има поднесено СЈО, палењето на архивата во УБК што треба да се одржи денеска е едниот, а насилството во општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, за кои дела е обвинет поранешниот премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е вториот обвинителен предлог.

Судењето против Никола Груевски требаше да почне минатиот понеделник, но судијката Татјана Михајлова го одложи четири дена порано, бидејќи како што наведе Основниот суд Скопје 1, адвокатот на второобвинетиот Миле Јанакиески бил зафатен, требало да учествува на работилница.