Груевски во Скопје: Одберете ја Македонија, Заев од Велес – граѓаните ја движат Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единствените кои можат да го запрат продлабочувањето на кризата сте вие, народот на Македонија. Вие граѓаните сте единствените доволно храбри кои можат да им се спротивстават, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот централен митинг на Коалицијата За подобра Македонија во Скопје.

На митингот се обрати и Влатко Ѓорчев носител во изборна единица 6, кој им рече на граѓаните да ги земат пенкалата во раце и масовно да излезат на гласање на 11 декември.

Никола Попоски, носителот на првата изборна единица рече дека народот е најдобриот гарант за успех во претстојната борба.

На митингот се обратија и носителите на втората и третата изборна единица, Никола Тодоров и Илија Димовски кои порачаа дека народот на овие избори ќе гласа против СДСМ кој, како што рекоа, креира криза и деструкција. На почетокот на митингот на присутните им се обрати министерот за надворешни работи и член на Австриската народна партија Себастијан Курц кој рече дека Македонија е на добар пат кон Европската Унија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на митинг во Велес порача дека Македонија има европски Устав кој ги гарантира правата на сите етнички заедници и кој гарантира едно општество за сите.

Никој нема да изгуби ништо, рече Заев, ако Уставот и законите се спроведат.

Само заедно, само сплотени и единствени ќе ја биде Македонија. Доста не делеа, преку глава ни е од делби, рече Заев пред велешани и им укажа дека федерализацијата е лага која нема да помине.

Нема ништо на светот, рече Заев што може да ме убеди да го променам Уставот на Република Македонија и да го промениме Уставот заради уставното име, но убеден сум дека Македонија ќе стане членка на НАТО и на ЕУ, а гаранција е искреноста на нашите души. Ќе разговараме со нашите јужни соседи и ќе ги повикаме на разговор за економски да одиме напред.

Лидерот на опозицијата  се обрати  кон пензионерите и им порача дека ќе водат чесни политики и дека е завршено времето кога 5 отсто ќе се зголемуваат пензии кога се зголемиле двојно и тројно трошоците на живот. Заврши, рече, времето на лагите за зголемување на 400, 500 денари.

Земјоделците, според Заев доколку дојдат СДСМ на власт, ќе добијат вистински субвенции тогаш кога ќе им треба со тоа што ќе им помогнат со обезбедување пласман на производството, а државата ќе отвора пазари за поголем број купувачи.

Заев  рече дека заврши времето кога политичарите ќе ја движат Македонија. Од сега, посочи, граѓаните ќе ја движат Македонија и повика дека тие што се подготвени на такво нешто да застанат до него.