Home Вебкафе Грета Тинберг – девојчето кое изнесе илјадници млади на улица ширум Европа

Грета Тинберг – девојчето кое изнесе илјадници млади на улица ширум Европа

Тинејџерката Грета Тинберг со нејзиното движење за освестување на жителите на планетата Земја привлече светско внимание и изнесе илјадници млади луѓе на улиците ширум цела Европа. Сите поборници кои се приудружија на нејзиното движење протестиртаат против климатските промени.

,,Штрајк за клима” – тоа е слоганот под кој илјадници млади луѓе во Европа , а и низ светот организираат протести , за кои идејата ја поттикна 16 годишната Швеѓанка Грета Тинберг. Таа минатото лето секој викенд штрајкуваше пред Парламентот во Стокхолм , за да апелира до пратениците да направат нешто против глобалното затоплување.

Само по неколку месеци нејзината идеја беше прифатена од младите и во Брисел, Берлин, Лондон, Хаг, но и во Сиднеј.

Илјадници средношколци излегоа на улиците со барање до политичарите да се направи нешто за нивната иднина. Таа денеска ги предводи протестите во Париз под мотото ,,Нашата куќа гори”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …