Грејс Џоунс се налути и си замина од снимањето на новиот филм за Бонд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимањето на новото продолжение од играната франшиза за славниот таен агент 007 очигледно го следи малер. После повредата на главниот актер, а потоа и експлозијата на местото на снимањето, се случи уште еден инцидент кој дополнително го поремети снимањето на најновиот филм за Џејмс Бонд.

Легендарната музичарка и манекенка Грејс Џонс, која беше ангажирана во рамки на актерската екипа која ќе се појави во новиот филм за Бонд, го напушти снимањето само по неколку минути откако дојде на местото на снимање.

Иако британската музичарка отсекогаш е позната по ексцентричното однесување, никој не очекуваше таква реакција. Наводно, се случил инцидентот, бидејќи Грејс била незадоволна, дури и навредена, од должината на текстот во сценариото на филмот кој бил наменет за нејзината улога. Иако беше договорена куса „камео” улога, Грејс, според изворите, очекувала многу поголема.

„Има одреден углед, и сите се потрудија за таа да се чувствува добро. Но, очекувала многу поголема улога и на оваа епизодна улога гледа како на понижување”, изјави извор од снимањето на новиот Џејмс Бонд.

Продуцентите на филмот, како што се очекуваше, се многу лути поради тоа што доаѓањето на Грејс Џонс беше голем трошок. За неа беше предвидено луксузно сместување во близина на Пајнвуд Студиос во Бакингемшир и ги исполнија сите нејзини барања , но сепак поради неколкуте реченици во сценариото музичката легенда вознемирена замина од снимањето на филмот за агентот 007.