Град во кој смртта е нелегална: Ваму со закон е забрането да се умре


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради неодамнешната епидемија на антракс која ја потресе Русија, беше потврден фактот кој го тврдат властите од норвешкото арктичко гратче Лонгирбиен,  а кој тие одамна го знаат го знаат – дека смртта би требало да биде нелегална.

Бремените жени исто така, се советуваат да се породуваат надвор од градот.

Гратчето со 2.100 жители, го донел овој необичен закон во 1950 година. Причината за тоа се крие во пермафростот, кој го спречува распаѓањето на телата во гробиштата. Тоа значи дека смртоносните вируси најверојатно „ќе преживеат“, а тоа пак претставува опасност за луѓето, но и животните кои се живи, објави интернет страницата WN.com.

Тоа, според написот, ја објаснува и епидемијата на антракс во Русија во 2016 година, кога топлотниот бран го одмрзна пермафростот (или т.н замрзната почва), што беше последица на ширење на бактериската болест од мртов елен на други елени, при што угинаа повеќе од 2.300 единки.

Научниците, во лешеви на Алјаска и во Лонгирбиен пронајдоа траги од шпанска треска, па денес смртно болните жители на оваа област одат на друго место да починат. А пак, телата на оние кои „нема да го испочитуват законот“ се погребуваат во друг град.

Единствениот исклучок е кремацијата, која ги уништува или деактивира опасните вируси.

Инаку, Лонгирбиен не е единствено место на светот кое забрани умирање. Повеќе градови во Италија и Франција имаат сличен закон, но причината за тоа е пренатрупаноста на локалните гробишта.