ГОТОВО: Зидан се враќа во Реал Мадрид!

zidane

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа што се најавуваше изминатите денови во следните часови ќе добие официјалана потврда – Зинедин Зидан се враќа во Реал Мадрид.

На денешниот состанок помеѓу Флорентино Перез и бордот на директори било договорено враќањето на Французинот на „Сантиаго Бернабеу“.

Иако утрово „Ел Пас“ објави дека Зидан го одбил Реал Мадрид бидејќи има договор со Јувентус, сепак последните информации од Шпанија говорат дека Зизу кажал ДА за враќање во Мадрид и во наредните деново се очекува официјализација.

Веста ја пренесе „Марка“, која е добро информирана за случувањата во „кралскиот“ клуб, но потоа стигна потврда од сите релевантни медиумите и спортски новинари во Шпанија.

Флорентино Перез пред медиумите кратко изјави:

„Зизу вчера пристигна во Мадрид кај мене да ми ја соопшти неочекуваната одлука. Во овој момент само можам да кажам дека јас сум на негова страна“.

Се очекува најпрво да бидат решени административните работи околу отказот на Солари, па до вечер се очекува и официјализација на Зинедин Зидан за нов тренер на Реал Мадрид.

Зидан беше на чело на Реал Мадрид од јануари 2016 до јуни 2018 година и успеа да испише историја со „кралскиот“ клуб така што три пати со ред се искачи на врвот на Европа. Пред почетокот на сезоната реши да си замине од клубот и спогодбено ја раскина соработката.

После лошата сезона на „кралевите“ очигледно не можеше да му каже не на својот Реал и одлучи да се врати дома.