Home Спорт Големото промашување на Манчестер Јунајтед пристигнува во Челзи

Големото промашување на Манчестер Јунајтед пристигнува во Челзи

Англиските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте го сака Волфред Заха и смета дека ќе биде идеално засилување за неговиот Челзи.

Заха кој како голема надеж на Алекс Фергусон пристигна во Манчестер Јунајтед не се задржа долго на „Олд Трафорд“, бидејќи Дејвид Мојс воопшто не му даде шанса.

Заха после позајмицата во Палас и Кардиф на крајот им беше продаден на „орлите“, а моментално во Лондон игра одлично.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи спрема понуда за јануарскиот преоден рок која Кристал Палас нема да може да ја одбие.

Имено, Конте смета дека „сините“ треба да го продадат Вилијан и да го доведат Заха кој повеќе одговара на неговиот стил игра, притоа е поливалентен и може да игра како крило, но и како централен напаѓач.

Италијанскиот стратег инсистира тимот да се засили во зимскиот преоден рок, а Заха е на врвот на листата желби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…