Видео: Лејкерс ги повлече двата броја на Коби Брајант


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќешната програма во НБА лигата падна во сенка на Коби Брајант, за кого беше организирана церемонија на која Лос Анџелес Лејкерс ги пензионираа неговите два броја од играчката кариера, 8 и 24.

„Езерџиите“ обично ги пензионираат дресовите на играчите кои имаат влезено во „Салата на славните“, Коби Брајант треба да ја добие оваа почест во 2021, но ЛА Лејкерс реши да не ја чека формалноста.

Утрово на полувремето од дуелот со Голден Стејт, двата дреса кои ги носеше Коби Брајант во кариерата, бројот 8 и 24 се најдоа високо на ѕидот во Стејпл Центарот.

„Бројот 8 имаше нешто што бројот 24 никогаш нема да го има, а тоа е можноста да му порасне коса“, низ смеа рече Коби Брајант.

Коби Брајант е десеттиот играч на Лејкерс чиј дрес беше пензиониран, и единствениот во богатата историја на лигата кој дочекал да види како два броја кои тој ги носел се пензионирани од истиот клуб.

Тој ја заврши кариерата онаму каде ја почна, во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, и за 20-те сезони поминати во лигата успеа да постигне 33.643 поени, со што се искачи на третото место на најдобри стрелци на сите времиња.