Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Љубителите на фудбалот на едни поинакви времиња сигурно се сеќаваат на Колумбиецот Фаустин Асприлија сега веќе легендарниот фудбалер на Парма и Њукасл.
Фаустино Хернан „Тино“ Асприлија Хинестроза е фудбалер на кого кариерата му траеше од 1988 до 2004 година, а во која го носеше дресот на девет тимови, но и репрезентацијата на својата земја.
Започна во Кукута Депортиво, а „експлодираше“ во Атлетико Национал во периодот од 1989 до 1999 година кога постигна 32 погодоци, а овие добри настапи му обезбедија договор со Парма која тогаш беше гигант во италијанскиот фудбал.
Во Италија се задржа четири сезони, потоа замина во Њукасл. Иако никогаш не беше толку ефективен стрелец, со својата брзина, креативност, одмерена пас игра и можност за креирање шанси, Асприлија беше незаменлив во тимовите каде што настапуваше.
Освен фудбалските вештини, Асприлија беше темпераментен човек со контроверзии на теренот, но и надвор од него. Додека настапуваше за Парма беше прогласен за шести фудбалер во светот.
После две сезони во Њукасл, Асприлија се врати во Парма, а потоа започна фудбалското патешествие на овој фудбалер во Јужна Америка.
Палмеирас, Фламиненсе, Атланта, Атлетико Национал, Универсидад Де Чиле, Естудијантес Ла Плата и Кортулуа се тимовите за кои настапуваше до 2004 година кога ја заврши фудбалската кариера.
Потоа во својата земја тој започна бизнис и се занимаваше со произдвоство на презервативи.
Неговиот бренд се нарекува Тино, што беше и неговиот прекар. Во изјавата тој истакна го прави ова за да ги заштити тинејџерите и тинејџерките.