Ѓоковиќ за овогодинешниот Лајвер куп: Овој момент ќе го паметам засекогаш


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лајвер купот оваа година ќе биде посебен, последниот меч во Лондон ќе го одигра Роџер Федерер, а пред мечот Швајцарецот тренираше заедно со Ѓоковиќ, Надал и Енди Мареј.

Српскиот тенисер по тренингот истакан дека моментите од теренот со неговите големи ривали вечно ќе ги памети.

„Благодарен сум за приликата да бидам на ист терен со моите најголеми ривали и легенди на овој спорт. Овој момент ќе го паметам засекогаш. Благодарност до Лајвер купот што ни даде прилика да се здржиме. Се радувам на наредните денови во кои же уживаме во одличен тенис и прославување на големата кариера на Федерер“, гласи порака на Ѓоковиќ.

Последниот меч Федерер ќе го игра во пар со Рафаел Надал утре, а противници ќе им бидат Скок и Тиафо.