Ѓоковиќ со поддршка за протестите во Србија против договорот со Рио Тинто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот тенисерски ас и рекет број еден во светот, Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.

Тенисерот на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија од масовните демонстрации кои се одржаа завчера.

„Чистиот воздух, водата и храната се клучот за здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е излишен“, напиша Ѓоковиќ.

Граѓаните на Србија ги блокираа патиштата во повеќе градови откако неколку еколошки организации ги повикаа да го изразат својот протест против Рио Тинто, Законот за експропријација и Законот за референдум и Народна иницијатива.

Протестите беа претежно мирни, освен во Нови Сад, каде што дојде до тепачка во која беа повредени четири лица.