Го сака пола Европа, а тој тврди: Ќе се борам за место во ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Јулијан Дрекслер не се плаши од големата конкренција во ПСЖ и истакна дека ќе се бори за место во тимот на „светците“.

Со доаѓањето на Нејмар и Мбапе беше загрозена позициајта на Дрекслер, па медиумите тврдат дека Германецот во јануари ќе ја промени средината. За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, но тој тврди дека ќе остане во Париз.

„Не е лесно за мене кога во тимот имате големи ѕвезди, но треба да се фокусирам само на себе. Тренерот е тој кој одлучува кој ќе игра. Најважно е да работам добро на тренинзите и ќе се борам за место во тимот“, истакна Дрекслер.

„Доаѓањето од Волфсбург во ПСЖ за мене беше голем чекор напред. Градот и клубот се потполно различни. Уживам во градот и во секој натпревар кој го играм со големи имиња во тимот“, додаде Германецот.