Венгер најде фантастична замена за Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез ова лето и покрај многуте понуди остана во Арсенал, но јасно е дека Чилеанецот ја игра последната сезона на „Емирати“.

Англиските медиуми тврдат дека Санчез има договор со Манчестер Сити и само прашање на време е кога ќе се пресели на „Етихад“, дали во јануари или на крајот од сезоната.

Јасно е дека Арсенал мора да пронајде адекватна замена, а италијанските медиуми тврдат дека изборот паднал на ѕвездата на Наполи, Дрис Мертенс.

Белгиецот минатата сезона „експлодираше“ и постигна 28 гола во Серија А, а оваа сезона продолжува со фантастичните партии.

Мертенс има договор со Наполи до 2020 година и „наполитанците“ нема лесно да се откажат од својот најдобар фудбалер, па на Арсенал ќе му бидат потребни околу 80 милиони евра за да го убедат Де Лаурентис да го продаде напаѓачот.

Останува да видиме дали Венгер е спремен да ја плати таа сума, а нема сомнеж дека Мертенес ќе биде адекватна замена за Чилеанецот.