Го познавате ликот на сликава?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најновиот трејлер за „Venom“ ги покажува сцените од новото дело на режисерот Рубен Флејшер, во кој главната улога на Еди Брок ја игра одличниот Том Харди.

Sony Pictures во првиот тизер за остварувањето на Флејшер не открива многу за новата филмска блокбастерска екранизација на стрип приказна, но првиот официјален трејлер кој го објавија е сосема друга приказна.

Venom е вонземјанин направен од лигава течна супстанца кој може да се трансформира во тело-домаќин, обично човек. Кога преку процес на симбиоза ќе се спои со човек, настанува Веном. Оригинално, овој карактер беше негативец, но со време стана антхерој од типот на Deadpool. Иако во филмовите се има појавено само еднаш и не е добро прикажан, Веном со години се појавува во стриповите и е еден од главните ликови на Marvel.

Прв познат домаќин на Веном беше Спајдермен, кој конечно се одвои од Веном кога сфати дека тој не сака да ги заштити луѓето, туку да им наштети.

Покрај Харди, некои од актерите кои се појавуваат во најавениот филмски хит се Мишел Вилијамс, Риз Ахмед, Скот Хејз и Рид Скот.

Продуценти се Ави Арад, Мет Толмах и Ејми Паскал. Продукцијата е под покровителство на Columbia Pictures, Marvel Entertainment, Arad Production, Matt Tolmach Production и Pascal Pictures, а дистрибутер е Sony Pictures Releasing.

Филмот стигнува во кино салите на 5 октомври.