Home Актуелно Global Peace Index ја објави листата со најбезбедни и најнебезбедни земји на светот во 2020 година

Global Peace Index ја објави листата со најбезбедни и најнебезбедни земји на светот во 2020 година

Според податоците од истражувањето кое го спроведе Global Peace Index, Исланд е оценета за најмирна земја во светот во 2020 година, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

Авганистан се уште е најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се наоѓаат во Европа, што го прави тој континент најбезбеден регион во светот.

Босна и Херцеговина се наоѓа на 72. место, што е подобрување за две места во споредба со претходното истражување.

Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17. место. Македонија е на 40. место, Србија на 44., Албанија на 48., Црна Гора на 51. и Косово на 80. место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…