Пописот на населението во застој – не било до апликацијата, паднал интернетот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нешто после 11 часот денес попишувачите ангажирани за пописот на населението, го алармирале Државниот завод за статистика дека не можат да влезат во апликацијата за пописот.

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за МКД.мк изјави дека не е проблем апликацијата, туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја. Симовски изјавил дека го известиле Телеком и дека очекуваат во најкус временски период техничките проблеми да бидат отстранети и попишувањето на терен да продолжи нормално, како во текот на вчерашниот ден.

Симовски вели дека граѓаните не одбиваат да бидат попишувани и дека соработуваат со попишувачите кои се ангажирани од страна на Државниот завод за статистика.

Уште еднаш ги повика граѓаните да им отворат врата на попишувачите и да ги дадат своите податоци во интерес на државата и нејзиниот развој, притоа водејќи сметка за заштитните мерки поради коронавирусот..

Онаму каде што е можно пописот може да се изврши и на отворен простор, имајќи предвид дека попишувачите се опремени со лаптопи кои имаат интернет врска.