Апликацијата WhatsApp за две месеци ќе престане да функционира на 50 модели на смартфони

Планетарно популарната апликација за размена на пораки и други мултимедијални соджрини „WhatsApp“ за два месеци ќе престане да работи кај одредени постари модели на мобилни телефони.

Се проценува дека милиони луѓе веќе нема да можат да ја користат оваа апликација на смартфоните кои ги користат во моментов.

Иредите на кои „WhatsApp“ повеќе нема да работи се оние со „Android“ верзија 4.0.4 или некоја од претхо0дните верзии, како и „iPhone“ моделите кои работат на „iOS-9“ или некоја постара верзија на тој оперативен систе.

Со тоа се опфатени околу 50 модели на мобилни телефони.

Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core and Galaxy Ace 2.

LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD i Optimus F3Q.

ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 i Grand Memo.

Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S i Ascend D2.

Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S.

Alcatel: One Touch Evo 7

Apple: iPhone SE, 6s i 6s Plus

Корисниците на поновите уреди кај кои апликацијата продолжува да работи, до крајот на годината ќе можат да оќекуваат бројни новитети, како пораки кои исчезниуваат, групни повици и нови стикери.