Нобел

Гледате порничи во ’инкогнито’? Резултатот од ова истражување ќе ве загрижи!

Ако често гледате порно филмови во „инкогнито“ начинот на работа, сметајќи дека така сте позаштитени, треба да знаете дека вашата заштита и не е баш којзнае каква!

Студија направена од Универзитетот Вандербилт тврди дека откриле грешка во анонимниот начин на работа на Гугл, односно нивниот Инкогнито мод, заради која корисничките пребарувања не се целосно приватни.

Истражувањето покажа дека Google и понатаму собира лични податоци од корисниците, дури и доколку тие го користат инкогнито режимот во веб-прелистувачот Chrome.

Според истражувачите од универзитетот Вандербилт во Нешвил, Тенеси, Google може ретроактивно да го поврзува приватното прелистување на корисникот со корисничките имиња и информации за сметките што тој ги користи на интернет. Додека таквите податоци се собираат со анонимни идентификатори на корисникот, Google има можност да ги поврзе овие собрани информации со лични податоци на корисникот зачувани на нивната сметка на Google, се вели во студијата.

Студијата, нарачана од трговската организација Digital Content Next, објаснува дека веб активностите на лицето на страниците што прикажуваат реклами од пазарот за онлајн реклами на Google може да се поврзат преку анонимизирани колачиња со нивниот YouTube, Gmail или други Google сметки.

Кога го користите инкогнито режимот во Google Chrome, пред да почнете да пребарувате прелистувачот ве известува дека сте во приватен режим и дека другите луѓе кои го користат истиот уред нема да имаат можност да видат што сте пребарувале.

Goolge тврди дека нема да ја зачувува историјата на прелистување, колачињата, податоците за страниците ниту пак податоците кои ги внесувате, но предупредува дека сепак пребарувањето би можело да биде видливо за одредени веб-страници, интернет сервис провајдери, како и за менаџментот во училиштата и работодавачите.

Оваа студија е објавена во време кога Google се соочува со тужба поради практиките за локациско следење, а тужителот тврди дека се работи за следење кое опфаќало милиони корисници, без тие притоа да дадат согласност за тоа.

Во тужбата се наведува дека Google ја прекршил политиката на приватност на корисниците, погрешно уверувајќи ги дека доколку тие ја исклучат можноста за ‘location history’ на нивниот iPhone или Android смартфон тоа ќе спречи можност да бидат следени.

Advertisements
To Top