Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Францција во 2013 година.
Германецот во несреќата имаше тешки повреди на главата и неколку месеци беше во кома, а вистински информации за неговата здравствена состојба се малку.
Само неколку пријатели и членови на семејството имаат можност да го посетат Шумахер, а најновата информација пристигнува од член на потесното семејство и навистина е потресна.
Во разговор за еден магазин од Париз, еден од членовите на семејството Шумахер ја открива состојбата на возачот.
Наводно, Михаел добро се чувствува, но и понатаму е во количка. Сепак, свесен е, но и многу емотивен, па често плачел.
„Кога ќе го донесат во количка до прозорецот и ќе ја види прекрасната панорама, Михаел често почнува да плаче“, открива анонимен роднина на семејството.
Михаел со остатокот од семејството во моментов живее во Швајцарија во градот Гланд, кој има поглед на езеро во Женева, па иако имаше најави за преселба на Мајорка, тоа нема да се случи.