Славни

Чешката фудбалска легенда мора во затвор: Ја нудел сопругата како проститутка!

Легендарниот чешки фудбалер Томас Репка, кој во 90-те години ги бранеше боите на Спарта, Фиорентина и Вест Хем е осуден на половина година затвор, поради несекојдневно кривично дело.

Судот во Брно одлучи дека поранешниот дефазнивец е виновен поради рекламирање сексуални услуги на интернет под името на својата поранешна сопруга Владка Ербова.

Имено, тој ја нудел својата жена на сајтови за услуги од проститутки, без нејзино знаење, со цел да и се одмазди што не му дава да го види 6-годишниот син што го имаат од нивниот поранешен брак. Репка и Ербова се венчаа во 2013г, а се разведоа три години подоцна.

Новата девојка на Репка, Катерина Кристелова помина нешто подобро, па како соучесничка казнета е со 50.000 чешки круни, што е околу 2.000 евра. Тие под фотографијата на поранешната сопруга на Репка го оставиле и нејзиниот личен број, а со оглед дека таа е познато лице во Чешка и поранешна Плејбој зајачица, имала доста непристојни понуди.

Репка на судењето и се извини на поранешната сопруга, но тоа не беше доволно судот да го ослободи.

Томаш Репка во текот на својата кариера забележа 45 настапи за Чешка, а покрај Фиорентина и Вест Хем играше и за Спарта Прага.

To Top