Гласачи од дијаспората кои се одлучија да гласаат на референдумот мета на малтретирање и навреди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заговорниците за бојкот на референдумот, припадници на македонската дијаспора во австралиски Мелбурн, денеска ги снимаат и ги навредуваат граѓаните кои гласаат во дијаспората.

Според снимките објавени на Фејсбук страницата „Предавници“, станува збор за гласањето во Мелбурн, Австралија. Бојкотирачите ги објавуваат со име и презиме тие што гласале и ги прогласуваат за предавници, пренесува Радио Слободна Европа.

МВР, пак, апелира до сите утре да се воздржат од „какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.

„МВР ќе преземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“, се наведува во денешното соопштение од МВР.