„Гламп“ куќарки на дрво и крај вода во Plitvice Holiday Resort – рајска идила за уживање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Луксузните „гламп“ (нова кованица од зборовите гламур и кампување, доста актуелна во светот на дизајнот и архитектурата денес) куќарки на дрво и крај новоуреденото езерце во рамки на Plitvice Holiday Resort, кои се наоѓаат на осум километри од Националниот парк „Плитивички езера“, во населбата Грабовац, се вистинска атракција која нуди спој од кампување и уживање во луксузен ентериер во природа.

 

Пет од куќарките се изградени и сместени во крошните од дрвата, додека четири од нив се наоѓаат покрај езерцето.

Идејниот концепт на овој „глампинг“ дизајн е потпишан од загребското архитектонско студио Abstracto, кое е заслужно за комплетното уредување на кампинг просторот, дефинирање на екстериерот и ентериерот на куќарките и нивната околина со езерцето.

Во кампот е дозволено носење и на домашни миленици. Цената за едно ноќевање чини 234 евра во куќарките на дрво и 172 евра за куќарките крај езерцето.