Home Спорт Гигантот од Лисабон го купува нашиот Стефан Ристовски!

Гигантот од Лисабон го купува нашиот Стефан Ристовски!

Португалските медиуми пренесуваат дека скаутинг службата на Спортинг Лисабон веќе подолго време го следи Стефан Ристивски и ќе направи максимални напори да го донесе во летниот преоден рок.

Бекот на Ријека игра сезона од сништата и настапи, 28 натревари во хрватскиот шампионат и е на добар пат да ја освои титулата.

Добрите игри на Ристовски не останаа незабележани, па најсилен интерес во моментов покажува Спортинг Лисабон, кој е спремен да плати 2,5 милиони евра за да го добие потписот на Македонецот.

Скаутинг службата на Спортинг го оцени бекот како модерен фудбалер со офанзивни карактеристики и би се вклопил на идеален начин во стилот на тренерот Жесус.

Од Португалија исто така наведуваат дека главен конкурент за потписот на Ристовски на Спортинг е екипата на грчки Олимпијакос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…