Гевгеличани го одиграа најскапото оро на светот – велигденскиот ќеф ќе ги чини 30.000 евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јавното обвинителство од Гевгелија побара изрекување парични казни од по 1.000 евра за 30 лица, жители на Гевгелија, кои на 19 април за време на веќе стапен на сила полициски час играа оро во Гевгелија.

Тие се обвинети за кривичното дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата ‘Јосиф Јосифовски’ играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од ковид-19“, се наведува во соопштението од ОЈО.