Гениј на повидок: Има само 8 години, а веќе запишува факултет


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Малиот од Белгија, кој има само осум години, постигна своевиден образовен рекорд откако предвреме заврши средно училиште бидејќи програмата предвидена за шестгодишно образование, ја комплетирало само за една година и шест месеци.

Според известувањата од ВВС, 8-годишниот Лоран Симонс, чиј татко е Белгиец и неговата мајка Холанѓанка, има коефициент на интелигенција од 145, што е на ниво на генијалец.

Во изјавата за белгиска радио станица, момчето изјавило дека неговиот омилен предмет е математика, а посебно сака алгебра, статистика и геометрија.

По распустот од два месеца, Лоран планира да се запише на факултет, а првичните желби му се да стане хирург или астронаут, иако во моментов силно се интересира за IT технологии.

Таткото на момчето изјавил дека неговиот син имал проблем да си игра со другите деца и дека никогаш не бил заинтересиран за играчки.