Конечно пак лето – понеделник носи сончево време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и во планините ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, а максималните од 26 до 34 степени.

Во Скопско претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи од 13 до 31 степени.

До вторник температурата ќе е во пораст, но и понатаму ќе има услови за попладневна краткотрајна нестабилност претежно во планинските подрачја. Во среда се очекува преодно наоблачување и малку посвежо време со нестабилност на северот. Потоа до викендот ќе е претежно сончево, но ветровито.

Макфакс