Фудбалскиот дрим тим: 11-те „недопирливи“ кои едноставно никој не можеше да ги купи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште откако Рајан Гигс замина во пензија, фудбалските хроничари го чекаа моментот кога и легендарниот Франческо Тоти ќе ги закачи копачките на клин со цел да се комплетира идеалниот тим на фудбалери кои целата своја кариера ја поминаа во еден клуб.

Со оглед на фактот дека на оваа вечна листа на најверни фудбалери недостасуваат офанзивни играчи, поради тоа медиумите во идеалниот тим сврстуваа и играчи како Де Роси, Иниеста, Меси кои сеуште се активни и за кои не се знае дали како Чави ќе ја продолжат кариерата во друг клуб.

Со објавувањето дека Франческо Тоти ќе се пензионира на крајот на сезона, конечно е направен иделаниот тим на најверни фудбалери во историјата на фудбалот. Па така во формација 4-5-1 на голот е Русинот Лев Јашин (Динамо Москва), лев бек е Паоло Малдини (Милан), денес бек Гери Невил (Манчестер Јунајтед), а тројката во одбраната ја сочинуваат Пујол (Барселона), Барези (Милан) и Тони Адамс( Арсенал).

Срцето на тимот е Пол Сколс (Манчестер Јунајтед) , додека десно крило е Јулен Гуереро (Аткетик Билбао), а лево Рајан Гигс (Манчестер Јунајтед). Пред нив двајца фудбалери со извонредна фантазија и чувство за гол, Мат Ле Тисер (Саутемптон) и Франческо Тоти (Рома).