Фудбалска Шпанија во шок: Двајцата најдобри судии избркани од Ла Лига


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалските судии Maтео Лахоз и Дел Керо Гранде важат за најдобри шпански арбитри во изминатите години, но сега шпанската јавноста во неверување откако се објави дека Техничкиот одбор на судии ги известил дека нема да продолжат делат правда на терените во Ла Лига.

Наводно, на двајцата им било понудено да продолжат да бидат само ВАР судии, но Лахоз ја одбил понудата. Лахоз веројатно нема премногу да жали затоа што добил понуда да суди во првенството на Саудиска Арабија каде што ќе биде прилично добро платен.

Меѓутоа веста дека Ла Лига се откажува од двајцата е големо изненадување и засега нема информации што е причината за ваквата одлука. Оваа одлука доаѓа токму во период кога шпанскиот фудбал го тресе скандалот „Негреира“ во кој Барселона беше обвинета за исплата на сума од околу осум милиони евра на поранешниот претседател на судиската комисија.

Лахоз во Шпанија судеше на над 280 натпревари, а беше дел и од Светски првенства. Гранде пак делеше правда на 231 натпревар и зад себе има големо меѓународно искуство како и Лахоз.