Почина музичката легенда Хари Белафонте


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот американски пејач Хари Белафонте почина на 96-годишна возраст како последица од конгестивна срцева слабост, потврди неговиот портпарол.

Музичарот, кој е познат по борбата за граѓански права, починал во вторникот во својот дом на Апер Вест Сајд на Менхетен, пишува Дејли Мејл.

Белафонте беше познат како „кралот на калипсото“, поради меѓународната популаризација на овој музички правец од ’50-те години од минатиот век со потекло од Тринидад и Тобаго.

Во 1956 година го издаде албумот „Calypso“, кој беше прв грамофонски музички албум продаде во повеќе од еден милион примероци.

Белафонте беше поддржувач и афирматор на Движењата за граѓански права од 1950-те и 1960-те години, а беше и близок соработник на Мартин Лутер Кинг.

Освои три Греми награди, вклучително и Греми награда за животно дело.