Вебкафе

Фотографија која треба СЕРИОЗНО ДА НЕ ЗАГРИЖИ

Научникот од Данскиот метеоролошки институт, Стефан Олсен, за време на неговата рутинска мисија на северозападот на Гренланд имал задача да пронајде океанографските и метеоролошките апарати кои неговите колеги ги поставиле на мразот. Но, кога отишол на терен, го чекал голем проблем.

Стефан не можел да ги пронајде апаратите бидејќи пространството кое вообичаено било рамен бел мраз сега било покриено со вода, како последица на топењето на гранландската ледена покривка, втора по големина на нашата планетата.

Неверојатната фотографија која ја направил Олсен, како кучињата ја влечат санката до колена во вода брзо станала достапна на интернет и веднаш предизвикала хаос, им се придружила на сликите на гладните поларни мечки, истопените глечери, насуканите моржеви и исушените езера, што според оценката на СНН е само уште една потврда за климатската катастрофа во која се наоѓа Земјата.

Олсен на Твитер напишал дека заедницата на Гренланд „во главно се ослонува на морскиот лед за транспорт, лов и риболов“. Тие ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат погодени од топењето на ледената покривка, но според Олсен последиците нема сама да останат ограничени на Гренланд или дури Северна Америка.

Научниците со месеци веќе апелираат и предвидуваат дека годинава ќе има рекордно топење на ледената покривка на Гренланд. Количеството на мраз кое веќе исчезна сугерира дека тие биле во право и дека наместо кучињата , жителите на Менхетн би можеле да се најдат до колена во вода, наведува CNN.

Според научниците само во еден ден се стопиле две милијарди тони мраз на Гренланд.

Advertisements
To Top