Home Спорт Среќната јакна на Гвардиола продадена за огромна сума!

Среќната јакна на Гвардиола продадена за огромна сума!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола минатата сезона на повеќето натпревари носеше сива, плетена јакна со која ја освои тројната круна во Англија.

Гвардиола после триумфот во финалеро од ФА Купот, последен меч во сезоната, изјави дека ќе ја подари својата среќна јакна во добротворни цели.

Од Манчестер Сити потврдија дека јакната ја купил нивни навивач од САД, Џејмс Ходге за 6.000 фунти. Парите кои биле собрани на аукцијата ќе бидат искористени за сиромашите семејства во Манчестер.

„Воодушевен сум што се собрани толку многу пари за добротворни цели. Исто така фантастично е да им дадете на навивачите нешто што ни помогна во неверојатните успеси минатата сезона“, истакна Гвардиола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…