Фото+Видео: Најлудиот стадион на Мундијалот – подобро се гледа градот отколку спротивниот гол!

ekaterinburg

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Може да се каже дека подобар поглед гледачите ќе имаат на дел од знаменитостите на градот отколку на спротивниот гол и семафорот.

Стадионот во Екатеринбург е целосно адаптиран и спремен за Светското првенство кое започнува на 14 јуни, а откако беше реновиран за потребите на Мундијалот предизвикува големо внимание.

Тој дефинитивно претставува најчудниот стадион од сите 12 на кои ќе се играат натпреварите.

Има капацитет од 45.000 и тоа благодарение на монтажната трибини која е надоградена над стадионот бидејќи се претпоставуваше дека претходниот капацитет од 35.000 нема да биде доволен.

Организаторите дојдоа до идеја да направат дополнителна трибина која е надвор од стадионот, па така го добивме еден од најчудните стадионит во светот.
Дополнителната монтажна трибина има капацитет од 10.000 гледачи, не е покриена, а највисоките редови се на висина од 45.5 метри.

Од тој дел подобро може да се видат некои знаменитости на градот отколку голот на спротивната страна, додека семафорот со резултатот и времето скоро и да не можете да го видите.