Фотка на денот од Арбнора Мемети: Херои од првата линија во битката со пламените јазици


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.

Во Македонија во моментов активни се десетина пожари а најсериозна е состојбата токму во регионот на Делчево, но и на Пехчево и во општина Македонски Брод.

Покрај пожарникарите во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите преостанати расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните.