„Ford VS Ferrari“ веќе руши рекорди во кино салите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако новото филмско остварување „Ford VS Ferrari“ се прикажува помалку од една недела, филмот веќе е вистински хит кој руши рекорди во кино салите. Дел од публиката и филмската критика го прогласија за феномен на годината.

Филмот Ford vs Ferrari ја следи приказната на возачот на тркачки автомобили Кен Мајлс (Кристијан Бејл) , кој се здружил со американски дизајнер на автомобили Керол Шелби (Мет Дајмон), за да направат револуционерен автомобил на Ford, кој на трка би го победил легендарниот Ferrari.

Но, филмот не е само за врвните автомобили, туку се работи и за комплицирани меѓучовечки односи, а благодарение на емотивниот набој, филмот заработи 31 милиони долари по првиот викенд и 92 проценти на Rotten Tomomat.

Доби пофалби и од критичарот на „Forbes“, Марк Хјус.

„Не мора да го сакаш Ford за да навиваш за него. Всушност, не мора да сакаш тркачки автомобили за да бидете воодушевени од овој филм. Ќе ти го зграби срцето на прв поглед и нема да го пушти. Приказната ја носат ликовите и е полна со убави конфликти. Автомобилите овде ја претставуваат амбицијата, имагинацијата, храброста и волјата на патот полн со пречки и ривали обидувајќи се да ги уништат надежите и судбините на оние кои се осмелија да сонуваат големи соништа “, пишува тој.

Публиката очигледно дели исти ставови за филмот.