3 милиони евра ќе легнат на граѓанските сметки од 1 до 15 декември во првата тура исплати од „Мој ДДВ“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Првата тура повратни пари од данокот за додадена вредност кај граѓаните кои скенираа фискални сметки во рамки на проектот „Мој ДДВ“, во вкупен износ од 3 милиони евра, на сметките ќе легнат од 1 до 15ти декември, оваа година.

Според финансии 170 илјади граѓани чекаат поврат на ДДВ. За јули, август и септември едно лице ќе може да земе максимум 1.800 денари. Министерката за финансии Нина Ангеловска, тврди дека преку „Мој ДДВ“ се зголемило издавањето на фискални како и наплтата на данокот.

Од средината на следниот месец ќе стартува и наградната игра „Мој ДДВ- моја награда“.

Дневно ќе се доделуваат 10 парични награди во износ од илјада, 2 и 3 илјади денари. Ќе има и 15 месечни како и две главни награди. Вкупниот фонд е половина милион евра.

Финансии и Фондот за иновации организираат натпревар, а фирмата која ќе понуди најдобро решение за маркетинг стратегија ќе добие 32 илјади евра.

Ангеловска најави и надградба на апликацијата „Мој ДДВ“. Секој граѓанин на мобилната апликација ќе може да види колку пари треба да му бидат исплатени, но и да пријави кога нема да биде издадена фискална сметка.