Вторник носи променливо и облачно време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои особено ќе бидат застапени во претпладневните часови во источните делови. Во вечерните и ноќните часови по котлините ќе има појава на магла.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните и ноќните часови со појава на магла. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 19, Крива Паланка и Берово 14, Дојран 19 степени.

Утре попладне, во текот на ноќта и во среда ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер, особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.