Фокус пренесува: 7,5 милиони евра нуди Мијалков како гаранција за да излезе од притворот во Шутка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, наводно понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“, дознава „Фокус“ повикувајќи се на свои извори.

Засега, како што дознаваме, обвинителството се уште не дало мислење по барањето, но сумата е доста висока, односно можеби и највисока која е понудена досега, поради што и се шпекулира дека е можно да се очекува согласност. Одлуката пак за тоа дали Мијалков ќе излезе на слобода за неколку дена треба да ја донесе совет во Кривичниот суд.

Во меѓувреме како што дознаваме, по поднесената гаранција, адвокатите на Мијалков ја повлекле жалбата доставена до Апелација, со која се жалеа на одредениот притвор до правосилност на пресудата за случајот „Трезор“. За оваа информација не добивме потврда од адвокатите, бидејќи не одговараат на нашите телефонски повици.

Доколку на Мијалков му биде прифатена гаранцијата, односно излезе од притвор, тоа би значело дека во случај на бегство, тоа би го чинело 7,5 милиони евра, кои ќе му бидат одземени.

Мијалков пред еден месец беше осуден на 8 годишна казна затвор за случајот „Трезор“.