ФИФА: Ова се 23-та кандидати за играч на годината!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светската куќа на фудбалот денес го објави списокот од 23 кандидати кои ќе се борат за титулата најдобар фудбалер во светот за минатата година.

Потсетуваме, оваа година „Франс Фудбал“ и ФИФА повторно одделно ќе го бираат најдобриот играч на годината, па поради тоа ФИФА денес ги објави 23-та финалисти.

Гласањето започнува денес и ќе трае се до 22 ноември, а свечената церемонија ќе се одржи на 9-ти јануари во Цирих.

Најдобриот играч на светот во изборот на ФИФА ќе се бира така што половина гласови ќе ги дадат капитените и селекторите на репрезентациите, а другата половина ќе ја дадат преставници на медиумите од 200 различни земји.

Главни фаворити за наградата како и минатата година се Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

04-11izbor2